Време за ручек – Хуан Хосе Миљас

Секојпат кога се слави годишнината од стапнувањето на човекот на Месечината, ми се јавувааат од радиото и ме прашуваат што правев јас додека низ цел свет одекнуваше историската реченица, мал чекор за човекот – огромен за човештвото. И го велам истото, секако, зашто работите се такви какви што се, a јас отсекогаш бев позаинтересиран да изградам иднина отколку минато. Со други зборови, јадев сендвич со пржени лигњи во бар чиј под беше полн со оклоп од школки и глави од сардини. На крајот од шанкот беше вклучен еден измрсен телевизор во кој гледавме сите зашто ни имаа кажано дека се работи за историски настан, иако за нас ќе беше историско сендвичот да беше од пршута, или уште подобро да не беше сендвич, туку бифтек од Авила, би додал и со пржени пиперки.
Ќе речете дека Армстронг не стапна на Месечината за време на ручек, но јас видов снимка, следниот ден, и мислев дека се случуваше во тој момент, па така секојпат кога ги гледам тие слики, го осеќам сендвичот од лигњи, што беа испржени во масло што требаше да биде од репа. Не мислев дека е лошо што човекот стигна до Месечината, туку имав чувство дека се работи за настан што не ме засега. Понекогаш има развод помеѓу историското и поединечното, како помеѓу макро и микроекономија, секој си оди по свој пат, што да се прави.
Познато е дека има луѓе што пишуваат историја и луѓе што ја живеат. Способноста на оние што ја пишуваат се состои во тоа да се убедат тие што ја живеат дека се главните ликови во нешто. Но не е точно: ногата што пред не знам колку години стапна на незамисливото тло на Месечината не беше моја. Додека се стапнуваше на Месечината, на оваа наша планета се газеше по многу работи. И сѐ уште се гази. И времето за ручек за многумина е сѐ уште време за глад. Тоа е историско. Во ред.
Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s